Елена Јакимовска Петровска

      Извршен член, извршен директор

      Датум на раѓање

      06.12.1970 година

        Образование

        Економски Факултет,Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје

     Сегашно работно место

Извршен директор на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје

Работно искуство

По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје кариерата ја започнува во мај 1995 година како надворешен соработник на Комисијата за хартии од вредност. Во 1996 година е редовно вработена во КХВ како стручен соработник и во наредниот период чекори по хиерархиската скала во КХВ, во периодот на создавањето на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, неговата регулатива и пазарните учесници, со сите предизвици што ги носи креирањето на оваа нова индустрија во македонската економија.
•    Во 2000 година е назначена за советник
•    Во 2002 година е назначена за самостоен советник
•    Во 2004 година е именувана за Директор на Стручната Служба на КХВ
Во мај 2005 година е избрана за член на Одборот на директори на Македонска Берза АД Скопје, по што jа напушта КХВ, а од јуни 2005 година ја извршува функцијата Извршен директор на Македонска берза АД Скопје со надлежности и одговорности за:
•    Тргувањето и надзорот на тргувањето на Берзата,
•    Информацискиот систем и технолошката поддршка
•    Прием и следење на работата на учесниците во тргувањето
Во февруари 2012 година е избрана за член на Одборот на директори на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, заради што даде оставка од функцијата во Македонска Берза АД Скопје, а по приемот на согласноста од КХВ, од јуни 2012 година ја презема функцијата Извршен директор на Центален депозитар за хартии од вредност АД Скопје, која и тековно ја извршува во втор мандат.

Професионални и останати активности

Панелист и модератор на голем број конференции поврзани со пазарот на хартии од вредност и корпоративното право.

Гостин-предавач на часови на додипломски и постдипломски студии на неколку професори на унизерзитети во Република Македонија од областа на корпоративното управување и хартиите од вредност

Семинари и обуки

Повеќе од 20 семинари, обуки и работилници надвор од земјата  на теми поврзани со функционирањето и развојот на пазарот на капитал, трансапрентноста и надзорот на пазарот на хартии од вредност, организација и функции на централен депозитар за хартии од вредност и др.

Посетени повеќе семинари и предавања во земјата на теми поврзани со пазарот на хартии од вредност, финансиската анализа, платните системи и системи за порамнување на хартии од вредност, правила и стилови на менаџирање и др.