Известувања за корпоративни настани

На ден 24.01.2017 год., согласно доставената документација од страна на М-НАВ АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ трета емисија по пат на приватна понуда УП 1 број 10-87 од 14.12.2016, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 38.860 обични акции со номинална вредност од 1.000 МКД за една акција. Основната главнина на друштвото по извршената промена изнесува 1.264.052.000 МКД и е поделена на 1.264.052 обични акции со номинална вредност од 1.000 МКД за една акција.

 

На 01.11.2016 во Централниот депозитар е евидентирано Осигурително брокерско друштво ПЕТРОЛ-ОИЛ БРОКЕР АД Скопје со ЕМБС 7151403. Основната главнина на друштвото изнесува 50.000 ЕУР и е поделена на 1.000 обични акции со номинална вредност од 50 ЕУР за една акција.

 

На 14.10.2016г во ЦДХВ е евидентирано ново акционерско друштво – Акционесрко друштво Ракометен Клуб Пролет 62 Скопје со основна главнина од 25.000 евра, издадени 2500 обични акции со номинална вредност по акција од 10 евра.

 

На 30.08.2016 година во Централниот депозитар е евидентирано Акционерско друштво за застапување во осигурување Л.И.Ф.Е. Македонија АД Скопје со  ЕМБС 7144229. Основната главнина на Друштвото изнесува 15.000 евра и е поделена на 150 обични акции со номинална вредност од 100 евра за една акција.

 

На ден 22.08.2016 год., согласно доставената документација од страна на ХАЛК БАНКА АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ дванаесетта емисија преку приватна понуда УП 1 број 10-70 од 26.07.2016, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 73.949 обични акции со номинална вредност од 10.000 МКД за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 3.633.180.000 МКД и е поделена на 363.318 обични акции со номинална вредност од 10.000 МКД за една акција.

 

На 13.07.2016 во Централниот депозитар е евидентирано Друштво за спорт и спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ШКУПИ 1927 АД Скопје со ЕМБС 7044445. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000 ЕУР и е поделена на 250 обични акции со номинална вредност од 100 ЕУР за една акција.

 

На ден 05.01.2016 год., согласно доставената документација од страна на 11 ОКТОМВРИ – ЕУРОКОМПОЗИТ АД ПРИЛЕП и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ четврта емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-150 од 25.11.2015, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 128.702 обични акции со номинална вредност од 5,113 ЕУР за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 19.617.251,62 ЕУР и е поделена на 3.836.740 обични акции со номинална вредност од 5,113 ЕУР за една акција.

 

На ден 17.12.2015 год., согласно доставената документација од страна на М-НАВ АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ втора емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-126 од 05.12.2015, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 71.202 обични акции со номинална вредност од 1000 МКД за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 1.225.192.000 МКД и е поделена на 1.225.192 обични акции со номинална вредност од 1000 МКД за една акција.

 

На 04.12.2015 во системот на Депозитарот е евидентирано Друштвото за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ КАРПОШ-СОКОЛИ 2000 АД Скопје со ЕМБС  7027958. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000,00 ЕУР и е поделена на 2.500 обични акции со номинална вредност од 10,00 ЕУР за една акција.

 

На 07.12.2015 во системот на Депозитарот е евидентирано Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост Скопје со ЕМБС 7080336. Основната главнина на друштвото изнесува 6.150.000 МКД и е поделена на 6.150 обични акции со номинална вредност од 1000 МКД за една акција.

 

На 11.11.2015 во Депозитарот успешно беше завршена постапката за преземање на Пелистерка АД Скопје. Во постапката на преземањепонудата за откуп на акциите ја прифатија 42 акционери со вкупно 10975 обични акции, со кои се стекна преземачот ЦИП Продукт ДООЕЛ од Скопје.

 

На 30.10.2015 во системот на Депозитарот евидентирано е Друштво за Застапување во Осигурување ИБО ИНШУРЕНС АД Куманово ЕМБС 7063431 со основна главнина 15.000, 00 евра. Издадени 1.500 обични акции со номинална вредност од 10,00 евра за една акција.

 

На 28.10.2015 во системот на Депозитарот евидентирано е Акционерско друштво за вршење на осигурително брокерски работи ПОРШЕ БРОКЕР АД Скопје ЕМБС 7074158
Основна главнина на друштвото е 75.000,00 евра. Издадени се 75 обични акции со номинална вредност од 1.000,00 евра за една акција.

 

На 21.10.2015 во системот на Депозитарот е евидентирано Друштво за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ ЗОМИМАК-М АД Струмица со ЕМБС 6935290. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000 ЕУР и е поделена на 250 обични акции со номинална вредност од 100 ЕУР за една акција.

 

На 14.10.2015 во системот на Депозитарот е евидентирано Друштво за спортски дејности ГРАДСКИ РАКОМЕТЕН КЛУБ БОРЕЦ АД Велес со ЕМБС 7064861. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000 ЕУР и е поделена на 250 обични акции со номинална вредност од 100 ЕУР за една акција.

 

На 08.10.2015 во системот на Депозитарот е евидентирано Друштво за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ БЕСТ АД Гевгелија со ЕМБС 7067429. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000 ЕУР и е поделена на 250 обични акции со номинална вредност од 100 ЕУР за една акција.

 

На ден 30.09.2015 год., согласно доставената документација од страна на КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ трета емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-122 од 09.09.2015, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 22.500 обични акции со номинална вредност од 4 ЕУР за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 250.000 ЕУР и е поделена на 62.500 обични акции со номинална вредност од 4 ЕУР за една акција.

 

На 25.09.2015 во системот на ЦДХВ е евидентирано Друштво за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ РАБОТНИЧКИ АД Скопје со ЕМБС 6979971. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000 ЕУР и е поделена на 500 обични акции со номинална вредност од 50 ЕУР за една акција.

 

На 14.09.2015 год.  согласно доставената документација од страна на АГРОКУМАНОВО АД Куманово, во ЦДХВ е извршено  намалување на основната главнина на друштвото со повлекување на 3.000 сопствени обични акции со номинална вредност од 53,72 ЕУР за една акција. По намалувањето,  основната  главнина на друштвото изнесува 1.372.760,88 ЕУР и е поделена на 25.554 обични акции со номинална вредност од 53,72 ЕУР за една акција.

 

На 03.09.2015 год.  во ЦДХВ е регистрирано е Друштво за застапување во осигурувањето ВАШ ПРИЈАТЕЛ АД Прилеп со ЕМБС 7048947. Издадени се 1.500 обични акции со номинална вредност од 10 ЕУР за една акција. Основна главнина 15.000 ЕУР.

 

На 04.08.2015 во системот на Депозитарот е евидентирано Акционерско друштво Фудбалски клуб МЛАДОСТ с. Царев Двор Ресен со ЕМБС 7045654. Основната главнина на друштвото изнесува 66.420 ЕУР и е поделена на 6.642 обични акции со номинална вредност од 10 ЕУР за една акција.

 

На 22.07.2015  во системот на Депозитарот е евидентирано ДРУШТВО ЗА СПОРТСКИ ДЕЈНОСТИ РАКОМЕТЕН КЛУБ ПЕЛИСТЕР АД БИТОЛА со ЕМБС 7049510. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000 ЕУР и е поделена на 250 обични акции со номинална вредност од 100 ЕУР за една акција.

 

На 07.07.2015 год. е извршено претварање на 15.000 приоритетни партиципативни акции во 15.000 обични акции со право на глас издадени од страна на Акционерското друштво КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје со ЕМБС 6954707 со што основната главнина на друштвото е поделена на 40.000 обични акции со номинлана вредност од 4 еур за една акција.

 

На ден 5.2.2015 год. во системот на Депозитарот е евидентирано друштвото АКЦИОНЕРСКО ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО ВЕБЕР ГМА АД БИТОЛА со ЕМБС 69956831. Основната главнина на друштвото изнесува 50.000 ЕУР и е поделена на 500 обични акции со номинална вредност од 100 ЕУР за една акција.

 

На ден 2.2.2015 година, согласно со доставената документација за преобразба на Друштвото за производство, промет и услуги ОЛДТАЈМЕР РЕСТАВРАЦИЈА АД ‒ Скопје (ЕМБС 6934242) во ДОО, Централниот депозитар за хартии од вредност АД – Скопје ја затвори акционерската книга на ова друштвото.



На ден 28.1.2015 год., согласно со доставената документација и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање   долгорочни хартии од вредност ‒ втора емисија преку приватна понуда УП 1 број 07-105 од 30.12.2014 год., во Депозитарот е евидентирано зголемување на основната главнина на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката ‒ Скопје со ЕМБС 6701221. Издадени се 70 обични акции со номинална вредност од 4.635,75 ЕУР за една акција. Вкупна вредност на емисијата 324.502,50 ЕУР.  



На ден 23.1.2015 год. во системот на Депозитарот е евидентирано друштвото Осигурително брокерско друштво МАК ТРЕНД БРОКЕР АД Скопје со ЕМБС 7000901. Основната главнина на друштвото изнесува 50.000 ЕУР и е поделена на 500 обични акции со номинална вредност од 100 ЕУР за една акција.



На ден 15.1.2015 год., согласно со доставената документација од страна на Тетекс АД Тетово, извршено е намалување на основната главнина на друштвото со повлекување на 13.813 сопствени обични акции со номинална вредност од 50,40 ЕУР за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 20.874.218,40 ЕУР и е поделена на 414.171 обични акции со номинална вредност од 50,40 ЕУР за една акција.