Измени на податоците за називот и седиштето на издавачот

Ако издавачот на хартиите од вредност извршил промена на називот и/или седиштето за евидентирање на промената во ЦДХВ потребно е да биде доставена следнава документација:

1. Барање за промена соодветно заверено и потпишано од овластено лице на издавачот.

2. Решение и Тековна состојба за регистрација на промената во Трговскиот регистар – Централен регистар на РМ (во оригинал или заверена копија).