Меѓународна соработка

Меморандум за соработка со турскиот депозитар за хартии од вредност

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и турскиот депозитар за хартии од вредност (Merkezi Kayıt Kuruluşu A.Ş. МКК), на 26.9.2014 година, потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на Меморандумот за соработка е интензивирање на соработката на двете институции во сферата на размена на информации и искуства поврзани со порамнувањето на трансакциите со хартиите од вредност, водењето на регистарот на хартии од вредност, а во функција на развој на финансиските пазари во Македонија и Турција.