Надоместоци

Услуги за сопствениците на хартии од вредност

и останати субјекти – корисници на услуги на ЦДХВ

Услуга

Единица

динамика

Надоместок со ДДВ

Извод од сметка

по сметка

на барање

 

236 МКД

Извештај за состојба на сметка на конкретен датум

по сметка

на барање

354 МКД

Стандарден Целосен извештај за имател [1]

по имател

на барање

472 МКД

Стандарден Целосен извештај за имател на конкретен датум [2]

по имател

на барање

590 МКД

Стандарден извештај за промени на сметка во одреден период [3]

по сметка

на барање

1.062 МКД

Надомест за спроведување на оставинско решение

по наследник

на барање

118 МКД

Надомест за спроведување на договор за подарок

по даропримач

на барање

1,3% од пазарната односно номиналната вредност на подарокот (зависно која е поголема), за даропримачи од прв наследен ред 354 МКД

Надомест за спроведување на ограничување на сметката за хартии од вредност

по ISIN

на сметка, по пренос

на барање

118 МКД

Надомест за бришење на ограничување на сметката за хартии од вредност

по ISIN

на сметка, по пренос

на барање

118 МКД

Надомест за потврда за физички или правни лица за поседување/непоседување на хартии од вредност

по ISIN по лице

на барање

236 МКД

Надомест за вршење на увид по барање на акционер на податоци запишани во акционерската книга (на монитор)

по увид

на барање

1.180 МКД

Надомест за подигнување на фотокопија од акционерска книга на барање на акционер

по акционерска книга

на барање

4.130 МКД

Надомест за спроведување на налог од овластена институција за исплата во обврзници

по износ

на барање

354 МКД

Други преноси на хартии од вредност што не се трговски преноси

по пренос

на барање

118 МКД

Пренос на сопственост над хартии од вредност при поделба или спојување на друштва и други статусни промени кај сопственици на хартии од вредност

[4]

по сметка

на барање

  0,5% од пазарна односно номинална вредност на хартиите од вредност (зависно која е поголема), минимален надомест 1.770 МКД 

Пренос на сопственост над хартии од вредност заради вложување како непричен влог во трговско друштво

[4]

по сопственик

на барање

0,5% од пазарна односно номинална вредност (зависно која е поголема) на хартиите од вредност кои се пренесуваат, но не помалку од  5.900 МКД

Пренос на сопственост над хартии од вредност поради судско порамнување и распределба на имот за време на живот

по сопственик

на барање

1,3 % од пазарна односно номинална вредност (зависно која е поголема, +ддв) на хартиите од вредност кои се пренесуваат, но не помалку од 590 МКД и не повеќе од 5.900 МКД

Нестандарден извештај за имател на сметка[5]

по лице

на барање

2.360 МКД

Изработка на нестандарден извештај[6]

по извештај

на барање

3.540 мкд/човек/ ден

Превод на извештај од македонски на англиски јазик

по извештај

на барање

354 МКД

Надомест за спроведување на пренос на сопственост во постапка на реализација на заложно право

по пренос

на барање

0,1% од номиналната вредност на хартиите од вредност кои се предмет на преносот (+ддв)

Надомест за вршење на увид по барање на акционер на податоци запишани во акционерската книга (во хартиена форма)

по увид

на барање

1.180 МКД, и по 59 денари за секоја печатена страна од акционерска книга, но не повеќе од 4.720 МКД

Надомест за издавање потврди по барање на физичко или правно лице за исплатени парични средства при преземање на акционерско друштво за регулирање на даночни обврски

по лице

на барање

236 МКД

Електронско преземање податоци од системот на ЦДХВ за овластени старателски банки

по сметка[7]

на месечно ниво за претходниот месец

590 МКД

 


[1] извештајот содржи податоци за хартиите од вредност евидентирани на сметките на имателот на денот на поднесеното барање

[2] извештајот содржи податоци за хартиите од вредност евидентирани на сметките на имателот на конкретен датум определен од страна на подносителот

[3] извештајот содржи податоци за промените евидентирани на сметката за хартии од вредност за период определен од страна на подносителот

[4] пазарната вредност се утврдува според последната реализирана пазарна цена на акциите во последните 92 календарски дена пред денот на поднесувањето на барањето

[5] извештајот содржи податоци за состојбите евидентирани на сметката на хартии од вредност согласно барањето на имателот на сметка

[6] извештајот содржи податоци согласно барањето на субјектот-корисник на услугите на ЦДХВ овластен согласно закон, а не се однесува исклучиво на сметки на хартии од вредност од точка 4.22 од оваа Тарифа.

[7] под сметка се подразбира старателска сметка на која се водат сопственичките позиции за сметка на трето лице – инвеститор, вклучително и ограничените сопственички позиции за тој инвеститор на други ограничени сметки 

 

Денарски трансакциски сметки на Централниот депозитар за хартии од вредност за уплати.

За услугите што ги извршува Депозитарот наплатува надоместоци согласно со својата Тарифа, акт што подлежи на согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.