Нова емисија

Потребна документација за упис на емисија на иматели на акции

При секоја нова емисија на акции, издавачот на акции му доставува на ЦДХВ:

  1. Барање за упис на издадени хартии од вредност (при приватна понуда на акции) или барање за воведување на емисијата на хартии од вредност во системот на ЦДХВ (при јавна понуда на акции);
  2. Податоци за издадените акции, акционери, права од акции и тоа: список на лицата што се стекнуваат со акции ако емисијата на хартии од вредност е издадена преку приватна понуда и податоци за издадените акции во писмена форма (број на издадени хартии од вредност, вид, род или класа и нивна номинална вредност, податоци за евентуални ограничувања на располагањето востановени со актот на издавање);
  3. Одобрение од КХВ (Комисија за хартии од вредност на Република Македонија) за издавање на хартии од вредност, без оглед на тоа дали се работи за приватна или јавна понуда на хартии од вредност и доказ за конечноста на решението за одобрение (изјава од издавачот дека се откажал од правото на жалба), освен ако согласно со Законот за хартии од вредност емисијата не подлежи на согласност на КХВ;
  4. Одлука на надлежниот орган на издавачот за издавање хартии од вредност;
  5. Решение за упис и тековна состојба од Централниот регистар на РМ дека е регистрирано зголемување на основната главнина, кога издавач е акционерско друштво;
  6. Ако износот на емисијата е помал од 25.000 евра, издавачот доставува  доказ дека КХВ е известена за емисијата, како и доказ дека издавачот објавил соопштение во средствата за јавно информирање согласно со Законот за хартии од вредност
  7.  Ако при издавањето на хартиите од вредност согласно со специјални закони се предвидува одобрение за стекнување на тие хартии од вредност, до ЦДХВ се доставува и таквото одобрение;
  8. Уплата на соодветен надомест согласно со Тарифата на ЦДХВ.

 

Потребна документација за упис на емисија на иматели на корпоративни или општински обврзници

За спроведување на упис на емисија на иматели на корпоративни или општински обврзници, издавачот доставува:

  1. Барање за упис на издадени хартии од вредност (ако емисијата на обврзниците е преку приватна понуда);
  2. Податоци за издадените обврзници, правата што произлегуваат за сопствениците и должности на издавачот и сл.;
  3. Список на лицата што се стекнуваат со обврзниците ако емисијата на хартии од вредност е издадена преку приватна понуда и податоци за издадените обврзници во писмена форма како (број на издадени хартии од вредност, вид, нивна номинална вредност, податоци за исплата на главнина и камата);
  4. Одлука за издавање обврзници;
  5. Проспект за издадената емисија на обврзниците;
  6. Решение издадено од КХВ за издавање на одобрение за емисијата ако емисијата надминува 25.000 евра;
  7. Известување за запишани и уплатени хартии од вредност (ако емисијата на обврзниците е преку јавна понуда);
  8. Уплата на соодветен надомест согласно со Тарифата на ЦДХВ.

 

Потребна документација за упис на емисија на иматели на државни хартии од вредност

Постапката за издавање и тргување со хартии од вредност издадени од Република Македонија ја утврдува Народната банка на РМ со свои правила.