Отворање сметка

Сметка за хартии од вредност може да се отвори преку Депозитарот или преку брокерски куќи или банки овластени за работа со хартии од вредност (членки на Депозитарот) каде што се пополнува потребниот формулар.

Ако сметка се отвора преку Депозитарот, потребни се следниве документи:

  • Барање за отворање сметка за хартии од вредност;
  • Копија од лична карта* ‒ за домашни физички лица, а за странски од важечки пасош или од Тековна состојба издадена од Централниот регистар ‒ Трговскиот регистар и регистар на други правни лица – за правни лица (за странски правни лица се поднесува извод/тековна состојба од матичен регистар).

 * Ако подносителот не ја поднесува документацијата лично (пошта, полномошник) согласно со Законот за спречување на перење на пари, а за целите на идентификација, неопходно е да се  достави копија од лична карта заверена на нотар