Пренос на хартии од вредност преку подарок

За спроведување на нетрговски пренос на хартии од вредност врз основа на подарок до ЦДХВ се доставува следнава документација:

  1. Договор за подарок што ќе ги содржи сите податоци неопходни за идентификување на страните и предметот на подарок, заверен во потписите од нотар и заверка од надлежен орган за јавни приходи дека за преносот на хартиите од вредност врз основа на подарокот е платен данок, односно дека тој е ослободен од данок.
  2. Уплата на надомест согласно со Тарифата на ЦДХВ.

Ако наследникот нема отворено сметка за хартии од вредност во ЦДХВ, потребно е да поднесе и документација за отворање сметка за хартии од вредност дадена на следниов линк.