Пренос на хв заради статусни промени

1. При основање ново трговско друштво или зголемување на основната главнина со непаричен влог што се состои од хартии од вредност ЦДХВ врши пренос на хартиите од вредност од сметката за хартии од вредност на сопственикот – основачот на сметката за хартии од вредност на новооснованото или веќе основаното трговско друштво, по доставување на регистрација од Централниот регистар – Регистар на трговски друштва и други правни лица. Ваквата постапка се применува и за зголемување на основната главнина или за основање трговско друштво со непаричен влог што се состои од акции регистрирани во ЦДХВ што имаат седиште во странство, по доставување регистрација на извршената промена во матичниот регистар на друштвото што се основа, односно што ја зголемува основната главнина со непаричен влог. За спроведување на преносот на хартии од вредност што биле вложени во трговско друштво до Депозитарот треба да биде доставена следнава документација:

  • Барање од субјектот што се стекнува со хартиите од вредност;
  • Акт на субјектот што се стекнува со хартиите од вредност за преземање на хартиите од вредност (одлука, изјава за основање, договор за основање, статут и сл.);
  • Решение од Централниот регистар – Регистар на трговски друштва и други правни лица;
  • Уплата на соодветен надомест согласно со Тарифата на ЦДХВ.

2. Кога во постапката за ликвидација на трговското друштво останува имот на друштвото што се состои во хартии од вредност тој се распределува на содружниците/акционерите на друштвото по доставување на следнава документација до ЦДХВ:

  • Ако се работи за судска ликвидација – судско решение со кое се заклучува ликвидациската постапка во кое се наведени хартиите од вредност и начинот на нивната распределба, а ако во решението нема спецификација на хартиите од вредност и начинот на распределба, дополнително се доставува и соодветен акт/одлука на ликвидаторот за начинот на распределбата;
  • Ако се работи за доброволна ликвидација – решение за упис на бришење на друштвото од трговскиот регистар преку ликвидација и соодветен акт/одлука на ликвидаторот за начинот на распределбата.