Промена на податоци

Промена на име и презиме, односно назив на фирмата на имателот на сметка на хартии од вредност

Ако имателот е  евидентиран во системот на ЦДХВ, а настанала промена во името и презимето, односно називот на фирмата се доставуваат следниве документи:

За физички лица, ако:

  •  барањето се доставува лично во ЦДХВ, се поднесува барање на образец за промена со прилог согласност за задржување копија од важечки идентификациски документ и се прави копија од документот;
  •  барањето се доставува преку  пошта се поднесува на образец за промена со прилог согласност за задржување на копија од важечки идентификациски документ, при што барањето се заверува на нотар и се приложува копија од идентификациски документ.

 *Со копијата од идентификациски документ се постапува на начин уреден со Законот за лична карта

За правни лица, ако

  •  барањето се доставува во просториите на ЦДХВ, се поднесува на образец за промена, потпишан од законскиот застапник и со прилог на копија од Тековна состојба од ЦРМ заверена на нотар или оригинал не постар од 30 дена;
  •  барањето се доставува преку пошта, се поднесува на образец за промена потпишан од законскиот застапник со прилог копија од  Тековна состојба од ЦРМ заверена на нотар или оригинал не постар од 30 дена.

 

Промена на адресни податоци на имателот на сметка на хартии од вредност заради промена во неговите идентификациски документи

Ако имателот е евидентиран во системот на ЦДХВ, а настанала промена во адресните податоци на имателот на сметка на хартии од вредност од неговите идентификациски документи, заради упис на промената се доставуваат следниве документи:

За физички лица, ако:

  •  барањето се доставува лично во ЦДХВ, се поднесува на образец за промена со прилог согласност за задржување на фотокопија од важечки идентификациски документ и се прави копија од документот;
  •  барањето се доставува преку пошта, се поднесува на образец за промена со прилог согласност за задржување на копијата од  важечкиот идентификациски документ, при што барањето се заверува на нотар и се приложува копија од идентификацискиот документ.

 *Со копијата од идентификацискиот документ се постапува на начин уреден со Законот за лична карта.

За правни лица се поднесува писмено барање за промена потпишано од законскиот застапник, со прилог фотокопија од тековната состојба од ЦРМ  заверена на нотар или оригинал во кој е содржан податок за промена на адресата – регистрираното седиште на правното лице.

  • Странските правни лица доставуваат нотарски заверена копија од документ еквивалентен на тековната состојба од матичниот регистар, преведена од овластен судски преведувач.  

 

Промена на адресни податоци евидентирани на сметката на имателот на сметка на хартиите од вредност без промена на адресните податоци во неговите идентификациски документи

Податоците за адресата на имателите на сметките во ЦДХВ можат да се променат и ако не постои промена на адресата на имателот на хартиите од вредност во неговите документи за лична идентификација, односно ако имателот сака известувањата од ЦДХВ да ги добива на друга адреса од адресата што е евидентирана во идентификациските документи.

Ако имателот на сметката сака да изврши промена во адресните податоци што се евидентирани на сметката за хартии од вредност, заради нивно доставување на друга адреса, различна од онаа евидентирана во документите за лична идентификација, до ЦДХВ доставува:

За физички лица, ако:

  •  барањето се доставува лично, се поднесува на пропишан образец во кој ја наведува адресата на која сака да ги добива известувањата од ЦДХВ, при што презентира и документ за лична идентификација. Операторот пред спроведување на промената врши идентификација, а на образецот забележува дека е презентиран документ за лична идентификација и дека барањето е поднесено лично,
  •  барањето се доставува преку пошта, се поднесува на пропишан образец во кој ја наведува адресата на која сака да ги добива известувањата од ЦДХВ, заверено на нотар.

За правни лица  се поднесува писмено барање за промена заверено на нотар во кое се наведува адресата на која сака да ги добива известувањата од ЦДХВ.

 

Промена на податоци за ЕМБГ за домашни физички лица

Ако имателот е евидентиран во системот на ЦДХВ, а настанала промена во податоците за ЕМБГ на имателот на сметка на хартии од вредност што е домашно физичко лице, заради упис на промената се доставуваат следниве документи:

Ако барањето се доставува лично, во ЦДХВ се поднесува:

  •  образец за промена  и согласност за задржување на фотокопија од важечки идентификациски документ и се прави копија од документот лична карта или пасош) и
  •  решение издадено од Министерството  за внатрешни работи во оригинал или нотарски заверена копија.

Ако барањето се доставува по пошта, се поднесува на образец за промена со прилог согласност за задржување фотокопија од важечки идентификациски документ заверен од нотар и следнава документација:

  •  фотокопија од важечки идентификациски документ (лична карта или пасош) и
  •  решение издадено од Министерството  за внатрешни работи во оригинал или нотарски заверена копија.

 

Корекција на грешки на идентификациски податоци евидентирани на сметката на хартии од вредност

  • Корекцијата на грешки евидентирани на сметката на хартии од вредност се спроведува на барање доставено од имателот на отворената сметка за хартии од вредност кон кое се приложува соодветна документација со која се докажува евидентираната грешка во ЦДХВ.
  • При доставено барање директно до ЦДХВ, барателот презентира документ за лична идентификација (пасош, лична карта или ако се работи за правно лице извод од матичниот регистар на правното лице не постар од три месеци во оригинал или заверена копија) и се пополнува барање за корекција на грешка во ЦДХВ (со согласност за задржување на копија од идентификациски документ за физички лица). ЦДХВ задржува копија од идентификацискиот документ, а од изводот од регистарот на правни лица го задржува оригиналот или заверената копија.
  • Ако барањето за корекција на грешка е доставено по пошта, истото се доставува со прилог документација (во оригинал или заверен препис на нотар) од која може да се констатира грешката.

 

Промена на податоци во случај на двојно државјанство или истечен рок на важност на пасош кај странски физички лица

 Со оглед дека согласно со Законот за хартии од вредност едно лице може да поседува само една сопственичка сметка за хартии од вредност, следниве иматели на хартии од вредност треба да го известат ЦДХВ заради ажурирање на личните податоци:

1. Имателите на хартии од вредност што веќе имаат сопственичка сметка на хартии од вредност во ЦДХВ, а поради истечена важност или друга промена во идентификациските податоци треба да отворат нова сопственичка сметка.

2. Имателите на хартии од вредност што поради поседување на двојно државјанство, веќе имаат две сопственички сметки во ЦДХВ со различни идентификациски податоци.

Притоа, во гореспоменатите случаи потребно е имателот на хартии од вредност да достави докази од кои ќе се утврди дека станува збор за истото лице, кои ако се доставуваат по пошта треба да бидат заверени на нотар.