Објави (вести)

21.06.2016



Пионерска соработка помеѓу ОКТА и Централниот депозитар за хартии од вредност за  исплата на дивиденда на акционерите

 

(Скопје, 21.06.2016) – Централниот депозитар за хартии од вредност за првпат посредува во пресметка и исплата на дивиденда што компанијата ОКТА ќе им ја подели на своите акционери.

Во 2015 година компанијата ОКТА оствари подобрени резултати и профитабилност споредено со претходните години. За прв пат од основањето на компанијата, на акционерите на ОКТА ќе биде доделена дивиденда.

Резултатот од позитивниот раст на компанијата е дивидендата што ќе ја добијат нашите акционери. Се одлучивме да одиме преку Централниот депозитар за хартии од вредност затоа што поседува технички, персонален и институционален капацитет за извршување на овој вид на трансакција за исплата на дивиденда на брз и ефикасен начин. Извршувањето на овој процес преку оваа институција има бенефити и за акционерите, но и за нас како акционерско друштво“, изјави Јанис Героланос, Главен извршен директор на ОКТА.

Депозитарот е единствена специјализирана институција во Република Македонија која врши упис на новоиздадените хартии од вредност и ги евидентира сите други промени кои се однесуваат на издадените хартии од вредност, притоа применувајќи бројни домашни и меѓународни стандарди. Депозитарот располага  со податоци со ажурна состојба на сопственоста на хартиите од вредност во секој момент. Токму тоа и овозможува брзо и ефикасно трансферирање на дивидендата.

Бенефитот за компаниите од користењето на услугите на Депозитарот при исплатата на дивидендата и данокот кон Управата за јавни приходи на Република Македонија е капацитетот на Депозитарот во извршувањето на овие активности и сеопфатноста на услугата која ќе ја спроведеме, при тоа гарантирајќи високо ниво на доверливост и прецизност што на крајот ќе резултира со задоволни акционери на компанијата. Задоволство ни е што Окта АД-Скопје ги препозна овие квалитети на Депозитарот и што исплатата на дивидендата за нејзините акционери ќе ја спроведе токму преку Депозитарот” изјави Елена Јакимовска Петровска, Извршен директор на Депозитарот.

Сите ационери на ОКТА на адресите кои се евидентирани во Депозитарот ќе бидат писмено поканети да достават  податоци за нивните трансакциски сметки заради исплата на дивидендата. Со цел мисијата да биде успешно реализирана, Депозитарот ќе ги стави на располагање своите човечки ресурси и сите акционери кои ги немаат ажурирано своите податоци во Депозитарот можат да се обратат дирекно до Депозитарот. На овој начин, реализацијата на акционерските права на акционерите на ОКТА ќе зависи само од нивната ажурност за доставувањето на потребните информации до Депозитарот.


20.06.2016



Регистрација на Петнаесетта емисија на обврзници за денационализација– 


На ден 20.06.2016 година во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје е регистрирана Петнаесетатта емисија на обврзници за денационализација во вкупен износ од 12.000.000 евра. 
Обврзниците се запишани и во Депозитарот се водат под ISIN ознака MKMINF200DF7.
При регистрацијата, со обврзници за денационализација од Петнаесетатта емисија се стекнаа 759 иматели.
Овие обврзници се хартии од вредност кои гласат на име, во ЕВРО валута и се неограничено преносливи. На обврзниците  се пресметува камата од 2% на годишно ниво, а номиналната вредност и каматата се отплатуваат во период од 10 години. Исплатата на  каматите и номиналните вредности од обврзниците ќе се одвива согласно објавениот Проспект за издавање и тргување на Петнаесетатта емисија на обврзници за денационализација  од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.
На сопствениците на обврзници од оваа емисија Депозитарот ќе им достави на регистрираната адреса известување за доделениот износ на обврзници.


20.05.2016



На 18.05.2016г., во ЦДХВ е евидентирано ново друштво ЕОС Брокер АД Скопје со основна главнина од 50.000 ЕУР, издадени 500 обични акции со номинална вредност по акција од 100 евра.